Како да се избере соодветен DVC систем за видео надзор?
Врз основа на функцијата на системот за видео надзор (одвраќање, препознавање, идентификација, аналитика) и карактеристиките на просторот кој се снима (надворешен, внатрешен, број на влезови, критични точки), се дефинира соодветна технологија и карактеристики на камерите и снимачите.
Кои технологии за DVC видео надзор се достапни?
Достапни се DVC системи за видео надзор базирани на две технологии – IP и аналогна HD. Системите за видео надзор базирани на IP технологија за пренос на сигнал користат компјутерска мрежа, што овозможува вмрежување, понатамошна интеграција, далечински надзор, управување и подесување, мегапикселна резолуција и видео аналитика. Системите базирани на аналогна AHD технологија за пренос на сигнал користат коаксијални кабли и најчесто се користат во апликации каде што веќе постои аналоген систем за видео надзор и инсталирана инфраструктура, со цел да не се прави ново каблирање во објектот. DVC® системите овозможуваат преку аналогна технологија да се постигне целосна HD резолуција на снимката, а со соодветни снимачи можно е проширување со IP камери и остварување на видео аналитички функции.
Кои се основните елементи на DVC системот за видео надзор?
Основни елементи на системот за видео надзор се камерите, снимачите и мониторите. Дополнителни елементи се различни тастатури и софтвери за управување со системот, како и софтвери за интеграција со останатите системи во објектот.
Кои DVC решенија за мерење на телесна температура се достапни?
Достапни се неколку DVC решенија за мерење на телесна температура, а нивниот избор зависи од тоа каде треба да се применат, односно за каква апликација станува збор.
Мерење на температура со DVC терминали за места со средна фреквенција на луѓе
На места со средна фреквенција на премин (банки, јавни установи, деловни згради, фабрики) соодветно е користење на DVC терминал кој овозможува мерење на телесна температура на лице, препознавање на лице, детекција на носење заштитна маска и управување со контрола на пристап во зависност од тоа дали лицето ги исполнува наведените параметри, врз основа на кои му се дозволува влез во заштитениот простор.
Мерење на температура со самостојни DVC термометри на места со мала фреквенција на луѓе
На места со помала фреквенција на премин, се користат самостојни термометри кои прецизно и брзо ја мерат температурата на челото и на дисплејот ја прикажуваат телесната температура на лицето кое сака да влезе во заштитениот простор. Достапна е и верзија со вграден резервоар за дезинфекција на раце.
Мерење на температура со самостојни DVC термометри на места со мала фреквенција на луѓе
На места со помала фреквенција на премин, се користат самостојни термометри кои прецизно и брзо ја мерат температурата на челото и на дисплејот ја прикажуваат телесната температура на лицето кое сака да влезе во заштитениот простор. Достапна е и верзија со вграден резервоар за дезинфекција на раце.
Што значи NDAA Compliant?
National Defense Authorization Act (NDAA) е закон кој се применува во САД и со кој се забранува користење на „опрема или услуги за телекомуникации и видео надзор“ од производители чии производи не се докажани по квалитет. Производи кои не се NDAA компатибилни не смеат да се користат во државни институции во САД. Со текот на времето, ознаката NDAA Compliant почна да се користи како ознака за висок квалитет на производи.
Што е ONVIF?
ONVIF е кратенка од Open Network Video Interface Forum, асоцијација на производители на системи за видео надзор основана со цел да се стандардизираат комуникациските протоколи при производство на IP базирани системи. Кога велиме дека некој уред (камера или снимач) е ONVIF, тоа значи дека се базира на комуникациски протокол кој овозможува меѓусебна компатибилност на уреди од различни производители.
Како да се избере DVC камера?
Изборот на соодветна камера започнува со анализа на сцената која ќе се снима – дали станува збор за надворешен или внатрешен простор, колкава површина треба да покрие камерата и какви се условите за осветлување. Врз основа на зададената функција и анализата на сцената се дефинираат карактеристиките на камерите.
Првата поделба на камерите се заснова на тоа дали ќе се монтираат во затворен или на отворен простор, па разликуваме надворешни и внатрешни камери.
Кои видови DVC камери се достапни?
Bullet камера
Камери во форма на цилиндар, најчесто за надворешна употреба, кои се користат за насочено снимање на поголема оддалеченост. Објективот може да биде фиксен, варифокален или моторизиран.
Dome камера
Dome камерите се сместени во куполесто куќиште, поради кое не е можно да се види кое подрачје го надгледува камерата. Главно се работи за камери со широкоаголен објектив кои се користат за снимање на поголема површина и можат да се движат во различни насоки.
Подвижни/управливи камери (PTZ – Pan Tilt Zoom)
Подвижните камери се опремени со мотор за хоризонтално (pan) и вертикално (tilt) движење, имаат можност за зумирање (zoom), покриваат цел простор од 360°, а можат автоматски да го менуваат видното поле во програмиран циклус (preset). Со овие карактеристики успешно заменуваат поголем број обични камери во заштитен простор.
Fisheye камера
Fisheye камерите овозможуваат панорамски поглед и снимање на целата сцена од 360°, што значи дека нема слепи точки во моментот кога камерата е насочена во една насока. Резултатот е снимка која изгледа како топка т.е. со кружна форма. Со функцијата dewarping, делови од таквата снимка се претвораат во вообичаена рамна снимка на која можат да се забележат детали кои не се видливи на fisheye снимката.
Панорамски камери
Панорамските камери се состојат од повеќе камери во едно куќиште, чии снимки софтверски се поврзуваат во една и се користат за снимање на големи површини.
Термални камери
Термалните камери снимаат инфрацрвен спектар, односно температурата која ја зрачи некој објект. Овозможуваат снимање и ноќе кога нема светлина. Често се користат за снимање на енергетски постројки или ноќно снимање. Во поново време се користат и за детекција на телесна температура кај луѓе, односно за спречување на ширење на коронавирус, при што е важно покрај камерата да се користи и „blackbody“ извор на зрачење за да се обезбеди висока прецизност на мерењето.
Low light камери
Low light камерите можат да снимаат и во услови на многу слабо осветлување.
Ден/ноќ камери
Ден/ноќ камерите овозможуваат снимање преку ден, при полно осветлување, и ноќе кога сцената не е осветлена. За да биде тоа можно, имаат вградени IR диоди кои обезбедуваат осветлување за ноќно снимање.
Што значи PoE?
PoE (Power over Ethernet) е ознака дека уредот се напојува преку PoE switch или PoE injector преку LAN кабелот на кој е поврзан. Не е потребно дополнително ожичување за напојување на уредите со електрична енергија.
Што значи COC?
COC (Control Over Coax) е карактеристика која се однесува на аналогните HD системи за видео надзор. Овозможува управување со камери преку коаксијален кабел од снимачот.
Што значи резолуција во видео надзор?
Вкупниот број пиксели од кои е составена една слика во видеозаписот. Со зголемување на тој број се зголемува и квалитетот на видеозаписот и снимката. Прашањето за резолуцијата на снимката е прашање на нејзината употребливост, па на почеток треба да се одреди дали се сака само следење на движење на луѓе, за што е доволна пониска резолуција, или се сака видливост на регистарски таблички или и двете. Вообичаено се користат поими како MP, HD, FullHD, 4K и слично за да се опише резолуцијата.
Што е WDR?
WDR (Wide Dynamic Range) – широк динамички опсег е функција на камерата која овозможува квалитетни снимки и при силно контраосветлување, на пример кога камерата е насочена кон стаклени површини кои пропуштаат голема количина светлина. WDR камерите го компензираат позадинското осветлување и овозможуваат добра видливост на објектите во сцената.
Што значи антивандал изведба на камера за видео надзор?
Со цел да се спречи намерно оштетување, камерите се сместуваат во антивандал куќишта кои се отпорни на удари и механички оштетувања. Отпорноста на оштетувања се изразува со антивандал коефициент IK во распон од 1 (најмала отпорност) до 10 (најголема отпорност).
Што означува IP заштита кај камерите за видео надзор?
IP (Internal Protection) степенот на заштита во електрониката претставува ниво на заштита од случаен или намерен контакт, како и ниво на заштита од контакт со вода. Се изразува со броеви од 0 (без заштита) до 6 (целосна заштита од навлегување на прашина; заштита од директно прскање со вода).
Што означува fps?
fps (frames per second) означува број на слики во секунда кои можат да се снимат. Снимањето на поголем број слики во секунда е важно во апликации каде сцената брзо се менува, а потребно е да се забележат што повеќе ситуации (банки, казина).
Зошто е важна осетливоста на камерата?
Осетливоста на камерата ја претставува нејзината способност да прикаже квалитетна слика во зависност од нивото на осветлување и зависи од тоа каков сензор е вграден во камерата. Се изразува во lux-ови.
За што служи IR кај камерите за видео надзор?
За снимање ноќе или кога видливоста е намалена, во камерата се вградуваат инфрацрвени рефлектори (IR – Infra Red диоди) кои ја осветлуваат сцената со инфрацрвена светлина.
Која е предноста на DVC Starlight камерите?
Овие камери овозможуваат снимање во боја и во услови на исклучително слабо осветлување, како и при минимално осветлување ноќе. Тоа е возможно благодарение на високата осетливост на вградениот видео сензор.
Како Extreme Dark снима во боја и во целосен мрак?
За снимање во боја и во целосен мрак се користат Extreme Dark камери во кои е вградено дополнително LED осветлување.
Кој објектив да се избере за камера за видео надзор?
Во камерите се вградуваат различни видови објективи (моторизиран, варифокален – рачен, фиксен). Изборот на објектив зависи од функцијата на камерата. На пример, кај камера со моторизиран објектив, можно е автоматско подесување на далечината преку снимачот, додека кај фиксен објектив далечината не може да се менува.
Што се zoom/moto zoom камери за видео надзор?
Со зумирање се постигнува подобра видливост на снимката од оддалечени објекти. Камерите со моторизиран zoom објектив (moto zoom) овозможуваат далечинско управување преку снимач, софтвер или мобилни уреди, за насочување на камерата кон различни делови од просторот.
Како да се ресетира зададената лозинка на IP камера?
Покренете IP Tool 2.0 и лоцирајте ја камерата, одберете ја и во полето RESTORE IPC DEFAULT CONFIGURATION внесете го нејзиниот MAC ID. По повторното поставување, камерата мора да се исклучи и повторно да се вклучи во рок од 30 секунди за враќањето на фабричките поставки да биде успешно.
Купивте DVC Extreme Dark IP камера, ве интересира како рачно да го контролирате LED светлото или да го наместите да се вклучува по распоред?
Потребно е да пристапите до камерата преку веб пребарувач и да одберете „Config“ > „Image“ > „Display settings“, каде ќе ја видите опцијата „White light mode“. Можете да изберете меѓу Auto, Off и Manual.
Auto е стандардниот режим каде LED светлото се вклучува кога нивото на светлина е доволно ниско, Off целосно го оневозможува вклучувањето на LED светлото, Manual се користи кога сакате да поставите распоред за вклучување на светлото, на пример од 2 до 5 часот наутро. Исто така, може да се подеси и интензитетот на LED светлото.
Купивте DVC Extreme Dark IP камера, но немате пристап до компјутер за да ги подесите LED контролите. Дали постои друга можност за контрола на LED светлото?
Extreme Dark камерата има три фабрички поставени режими на работа кои можат да се контролираат преку вашиот NVR. За да преминете на друг режим, следете ги упатствата: „Image“ > „Image settings“ > „Advanced“ > „Config File“, каде можете да изберете меѓу Common, Day и Night. Овие конфигурации можат да се подесуваат преку Internet Explorer. Следете го линкот кој ќе отвори видео со објаснување како да се контролира LED светлото на XD камерата.
Купивте Extreme Dark AHD камера; како да го контролирате нејзиното LED светло?
На вашиот DVR одберете „Live view“ за вашата HD камера и користете PTZ контроли за да пристапите до OSD менито. Кога ќе се отвори OSD менито, одберете IMAGE > LED MODE/WHITE LIGHT MODE и подесете ги поставките според вашите потреби.
Како да се избере соодветен DVC снимач?
Откако ќе се избере технологијата на системот, се избира соодветен IP или аналоген снимач. Следен критериум е вкупниот број на камери во системот, односно изборот на бројот на канали на снимачот. Понатамошните карактеристики се избираат во зависност од посакуваните функции на системот.
Зошто е важна резолуцијата на снимачот и резолуцијата на снимањето?
Покрај резолуцијата на камерата, за квалитетна снимка е важна и резолуцијата на самиот снимач, како и подесената резолуција на снимањето. Колку е резолуцијата поголема, толку снимката ќе биде поквалитетна и ќе овозможи забележување на поголем број детали.
Што означува бројот на канали кај снимачот?
Означува максимален број на камери кои можат да се приклучат на снимачот – 4, 8, 16, 32, 64 итн.
Што означува bitrate кај снимачот?
Бројот на битови кои можат да се пренесуваат преку компјутерската мрежа во секунда. Оваа карактеристика е важна за да се пресмета потребната пропусност на мрежата.
Алармни влезови/излези
Преку алармните влезови, снимачот прима сигнал од поврзани уреди, на пример детектори за движење. Снимачите овозможуваат автоматско активирање на снимање на камерата која ја покрива зоната каде е детектиран алармот. На снимачи кои немаат алармни влезови/излези може да се додаде модул за проширување со кој се надградуваат сите DVC снимачи.
Преку алармните излези и релејни уреди, снимачот може автоматски да активира сирена за тревога или да вклучи осветлување.
Што овозможува компресијата на видеото на снимачот?
Компресијата на видео записите е важен дел од снимањето и зачувувањето на снимките од безбедносните камери, бидејќи ги компресира видео-датотеките во помал формат. Тоа овозможува побрз пренос на податоци и складирање на повеќе видеа на хард-дискот. Во DVC снимачите е имплементирана најновата технологија за компресија H.265, која значително го намалува bitrate-от (брзината на проток на податоци преку мрежата) и просторот потребен за складирање на податоци, овозможува оптимизација на сцените со движење и подобра компресија при повисоки резолуции на снимање.
Што претставува функцијата dewraping?
Со функцијата dewraping, деловите од искривената снимка од fisheye камерата се претвораат во вообичаена рамна снимка, на која можат да се забележат детали што не се видливи на fisheye снимката.
Што значи зона на приватност?
Функција на камерата со која се оневозможува снимање надвор од одредена, однапред дефинирана област. Камерата, особено кога е поставена на влезови во објекти, гледа поширока област и може да ги снима и луѓето кои се наоѓаат на јавен простор што не смее да биде снимен. Функцијата овозможува заштита на приватноста на луѓето и почитување на GDPR регулативата.
За што служи push-up нотификацијата?
Некои снимачи имаат можност за push-up нотификација, односно овозможуваат информацијата за алармен настан автоматски да се проследи до дојавниот центар или на мобилниот уред на корисникот.
Купивте DVC NVR/DVR, како да го подесете ресетирањето на лозинката доколку ја заборавите?
При првото подесување на вашиот уред за користење, ќе креирате администраторски кориснички профил и ќе поставите лозинка, потоа ќе ви биде побарано да внесете одговори на 3 прашања по ваш избор, кои ќе можете да ги користите за ресетирање на лозинката доколку ја заборавите.
Ги заборавивте одговорите на безбедносните прашања, како можете да ја ресетирате лозинката?
Лозинката можете да ја ресетирате така што ќе кликнете на „Forgot password > Dynamic key“ и ќе го фотографирате прозорецот што се отвори на екранот, потоа истата слика ќе ја испратите до нашата техничка поддршка за да ви испратат dynamic key за отклучување на снимачот. Важно е прозорецот за dynamic key да остане отворен сè додека не го добиете клучот за отклучување од нас.
Случајно го затворивте прозорецот за dynamic key на вашиот NVR/DVR и кодот што го добивте од техничката поддршка не е валиден, што да направите?
Ако случајно го затворивте прозорецот за dynamic key, повторно отворете го и фотографирајте ги новите податоци, потоа истите испратете ги до техничката поддршка.
Го подесивте вашиот NVR/DVR и ја поврзавте IP камерата, како можете да ја промените IP адресата на камерата?
Преземете го IP Tool 2.0 од Аларм аутоматика B2B и инсталирајте го на вашиот компјутер. Стартувајте го IP Tool 2.0 и пронајдете ја камерата на која ѝ е потребна промена на IP адресата; со внесување на администраторската лозинка можете да ја промените IP адресата или да ја вратите камерата на фабрички поставки.
Се обидувате да додадете 4 IP камери на DVR, но не ја гледате опцијата за промена на типот на сигнал на каналот, што да направите?
За да додадете до 4 IP камери, потребно е да проверите дали фирмверот на вашиот DVR е ажуриран на најновата верзија (1.3.8.). Доколку не е, ажурирајте го, а по надградбата одберете Edit Camera > Signal type > и изберете IP.
На вашиот NVR/DVR недостасуваат функции, што да направите?
Ако ви недостасуваат функции кои би требало да ги има уредот, веројатно користите постара верзија на фирмвер. Проверете ја верзијата во менито About, и доколку не е најновата, испратете слика до техничката поддршка и побарајте ја последната верзија. Ќе ви одговориме со упатства за надградба и ќе ја приложиме потребната датотека.
Имате DVC DVR, се обидувате да додадете IP камера на системот, но не можете да ја пронајдете опцијата за тоа?
За да додадете IP камера на вашиот DVR, потребно е да проверите дали користите најнова верзија на фирмвер. Доколку не, мора да го ажурирате за да се појави опцијата за промена на типот на сигнал на поединечен канал. По ажурирањето, променете го сигналот на IP.
Купивте DON-76 сервер, ве интересира дали можете да додадете NVR/DVR од друг производител?
Можно е да се користат само DVC, Hikvision и Dahua NVR/DVR со DVC серверите. Само DVC камерите може да се додадат како самостојни уреди на DVC сервер.
Што претставува видеоаналитиката?
Видеоаналитиката овозможува автоматска анализа на снимката и генерирање аларми преку програмирани алгоритми. Видеоаналитичките функции можат да се реализираат на два начина – преку камери кои веќе содржат анализа на видеото (edge-базирана видеоаналитика) и преку специјализиран софтвер и компјутери. Во продолжение се наведени некои од најчесто користените видеоаналитички функции. Терминот Video Content Analysis (VCA) подразбира автоматска напредна анализа на содржината на снимката, со што значително се забрзува пребарувањето на видео записите.
Кои напредни видеоаналитички функции ги овозможуваат DVC системите за видео надзор?
DVC системите за видео надзор овозможуваат многу напредни видеоаналитички функции, и нивниот број постојано се зголемува. Достапни се различни типови на аналитика – просторна, за препознавање, следење, броење, заштита на периметар и вештачка интелигенција.
- Навлегување во зона на детекција (Region intrusion)
- Влез во зона на детекција (Region entrance)
- Излез од зона на детекција (Region exiting)
- Премин преку линија на детекција – луѓе, возила (Line crossing – people, vehicle)
- Навлегување на луѓе, возила (Intrusion – human, vehicle)
- Детекција на исчезнување на објект од сцената (Object removal)
- Броење на луѓе (People counting)
- Броење на возила (Vehicle counting)
- Следење на луѓе (Human tracking)
- Детекција на обид за замаглување (Blur detection)
- Детекција на промена на сцена (Scene change)
- Детекција на обид за манипулација со видео записот (Video tampering)
- Детекција на лице (Face detection)
- Детекција на гужва (Crowd density)
Како функционира препознавањето на лице во DVC системите за видео надзор?
Препознавањето на лице (Face recognition) функционира така што снимката од лицето се споредува со снимки од лица, на пример на вработени, кои се зачувани во базата на податоци. Ако софтверот при споредбата утврди дека лицето на тековно снимената личност не е зачувано во базата на лица со дозвола за пристап, се генерира предупредување.
Како функционира препознавањето на регистарски таблички на возила во DVC системите за видео надзор?
LPR (Licence Plate Recognition) или препознавање на регистарски таблички е видеоаналитичка функција со која снимката од регистарската табличка на возилото што влегува во обезбедениот простор се споредува со база на податоци од таблички на возила со дозвола за влез.
Како се штити периметарот преку DVC системите за видео надзор?
За заштита на периметарот (perimeter protection) однапред се дефинира област во која треба да се детектира движење (влез во зона, задржување во зона, допирање на ограда).
Што претставува автоматското следење преку DVC видео надзорот?
Автоматското следење (autotracking) е видеоаналитичка функција на PTZ камерите која овозможува следење на подвижни објекти во видео записот, најчесто луѓе. Се активира со однапред дефинирано преминување на линија на детекција или навлегување во простор и го следи објектот сè до неговото излегување од кадарот.
Што овозможува функцијата за броење луѓе и возила преку DVC системите за видео надзор?
Броењето на луѓе или возила е видеоаналитичка функција со која преку IP камера се бројат луѓето/возилата што влегуваат во надгледуваниот простор, а податоците автоматски се евидентираат во база на податоци. Овозможено е и броење на луѓе/возила што излегуваат од обезбедениот простор и пресметка на бројот на луѓе/возила што моментално се наоѓаат во просторот. Информациите за влез/излез можат да се прикажуваат на дисплеј кога е потребно, на пример кога бројот на луѓе во просторот е ограничен.
Како се управува со DVC системите за видео надзор?
Со DVC системите за видео надзор може да се управува на повеќе начини: локално (преку снимач или компјутер) и далечински (преку мобилната апликација DVC Connect или веб-пребарувач).
Секојпат кога ја отворате апликацијата DVC Connect, сите уреди што претходно сте ги додале исчезнуваат, што да направите?
Регистрирајте кориснички профил преку апликацијата DVC Connect – сите ваши уреди автоматски ќе се зачуваат на вашиот профил. Проверете дали при додавање нови уреди сте најавени во вашиот профил на апликацијата.
Инсталиравте NVMS 2.0 lite на вашиот компјутер, додадовте 2 NVR уреди, но преносот во живо се прекинува?
Проверете дали конфигурацијата на вашиот компјутер ги задоволува минималните системски барања за работа со NVMS. Ако ги задоволува, проверете дали вашата мрежа има доволна пропусност за камерите што се поврзани на снимачите.
Преку веб-пребарувач сакате да пристапите до пренос во живо од камера, но при обидот за преглед се појавува предупредување дека недостасува додаток за репродукција, што да направите?
Причината е што се обидувате да пристапите преку HTML5 веб-пребарувач или ви недостасува plugin за репродукција. Користете Internet Explorer и инсталирајте го бараниот додаток за да овозможите пренос во живо. Ако истата грешка се појавува и по инсталацијата на додатокот, потребно е да го затворите веб-пребарувачот и повторно да го отворите. При повторниот обид за пристап ќе се појави опција на која треба да дозволите пристап до plugin-от.
Како се надградува фирмверот на DVC системите за видео надзор?
DVC снимачите може да се надградуваат автоматски преку cloud. Надградбата може да се започне преку мобилната апликација DVC Connect или преку самиот снимач, кој треба да биде поврзан на интернет. Корисниците добиваат автоматска нотификација дека е достапна нова верзија на фирмвер, а надградбата се започнува со едноставно кликнување.
Како да одберете монитор за преглед на снимки од DVC системите за видео надзор?
Мониторите служат за преглед на видео записи или пренос во живо. За квалитетот на сликата важни се резолуцијата на мониторот и неговата големина.
Кои се главните елементи на DVC видеофонските системи?
Главните елементи на системот се надворешни и внатрешни единици и напојување. IP-базираните системи може да се напојуваат преку компјутерска мрежа (PoE напојување), при што е потребно да се предвиди и PoE свич како елемент на системот.
По што се разликуваат надворешните видеофонски единици?
Надворешните единици се поставуваат на влезот на објектот и преку нив се повикуваат станарите. Меѓусебно се разликуваат според бројот на копчиња за повикување, начинот на работа (со едно копче се повикува само една внатрешна единица; со едно копче се повикуваат повеќе внатрешни единици), односно според намената (дали се наменети за повеќестамбени објекти или за самостојни куќи). Во зависност од местото на поставување, треба да се внимава дали е потребно дополнително куќиште за заштита од дожд.
Кои начини на повикување преку DVC видеофонските системи се поддржани?
Овозможено е повикување со притисок на повикувачко копче, со внес на шифра или со избор од именик.
По што се разликуваат внатрешните видеофонски единици?
Внатрешните единици служат за примање повици, аудио/видео комуникација и видео верификација. Се разликуваат според големината на екранот и функциите што ги овозможуваат (Wi Fi поврзување, управување преку екран на допир, управување преку мобилна апликација, зачувување на видео снимки на вградена SD картичка).
Кои облици на комуникација ги овозможуваат DVC видеофонските системи?
Видеофонските системи се разликуваат и според видот на комуникација што ја овозможуваат – аудио, видео или и двете.
Што е модуларна надворешна повикувачка единица?
Модуларната надворешна повикувачка единица по изведба и функции може да се прилагоди на потребите на корисникот. По потреба се додава видео модул, се избира начин на повикување (копчиња за повикување, тастатури, читачи на картички), екран за визуелна комуникација, осветлување на тастатурата и рамки со различен број места за избраните модули.
Што овозможуваат видеофонските уреди со ознака Wi Fi?
Уредите во двожична изведба со ознака Wi Fi можат да се поврзат на Wi Fi мрежа за пренасочување на повиците кон апликација, видео верификација и управување со бравата/вратите од оддалечена локација.
Што се двожични 2 Easy видеофонски системи?
Замената на постари видеофонски системи значи и големи трошоци за нивната инсталација. За да се избегне тоа, се користат двожични 2 Easy системи кои овозможуваат користење на постоечката инталација.
Како се подесуваат и конфигурираат IP видеофонските системи?
IP системите може да се конфигурираат или ажурираат (промена на имиња, ПИН кодови, картички…) од надворешната единица DVC IX850 или од кој било монитор поврзан во истиот систем. Системите што имаат функција за офлајн IP авто-конфигурација овозможуваат автоматска конфигурација на IP адресите во системот.
Како може да се управува со DVC видеофонските системи?
Мобилната апликација овозможува системот да се користи преку мобилен уред. Овозможени се примање повици, разговор со лицето на влезот преку мобилен, управување со бравата и слично.
Преку тастатурата, корисникот може едноставно – преку мониторот на внатрешната единица – да постави било каков натпис што автоматски се синхронизира со надворешната единица, како и да додава или брише ПИН кодови или картички на други корисници.
Како се инсталираат DVC видеофонските системи?
Вградувањето на DVC видеофонските системи може да биде надградно (Surface) или вградливо (Flush).
Кои начини на контрола на пристап преку видеофонските систем се можни?
Некои уреди овозможуваат и функција за контрола на пристап преку видеофонскиот систем. Функцијата е можна преку ПИН, RFID картичка или отпечаток од прст.
Како се користи RFID картичка за контрола на пристап преку DVC видеофонот?
При влез, лицето ја става својата RFID картичка или привезок во домет на читачот вграден во видеофонот. Ако картичката е регистрирана во системот, влезот автоматски се дозволува.
Како се користи ПИН за контрола на пристап преку DVC видеофонот?
При влез, лицето на тастатурата го внесува својот ПИН (Personal Identification Number). Ако е точен, вратата автоматски се отвора.
Како се напојуваат DVC видеофонските системи со електрична енергија?
Двожичните видеофонски системи се напојуваат преку DVC напојување (2 жичен BUS), а IP системите преку компјутерска мрежа (PoE напојување).
За што служи релеен модул?
Овозможува видеофонскиот систем да се користи и за други функции, на пример отворање дополнителни врати, рампа или вклучување/исклучување на осветлувањето.
Може ли видеофонскиот систем да снима во темнина?
За да може видеофонот да снима и во темнина, опремен е со LED диоди кои емитуваат светлина и така овозможуваат снимање.
Можат ли DVC видеофонските системи да се интегрираат со видео надзор?
Некои уреди овозможуваат интеграција со дополнителни IP камери и прегледување на снимките од камерата преку видеофонскиот систем.
За што служи поголем број канали во IP системот?
IP системите со повеќе канали овозможуваат истовремена комуникација со повеќе лица, на пример со лице на влезот и со лице во друг дел од станот или во друг стан.
Може ли податоците од видеофонскиот систем да се складираат?
Одредени типови уреди овозможуваат складирање на податоци за времето кога некој ѕвонел и на снимки од лицето што ѕвонело, на SD картичка вградена во внатрешната единица.
Која е предноста на систем со вграден објектив Fisheye?
Надворешните повикувачки единици со вграден објектив Fisheye овозможуваат широкоаголно снимање, со што се намалува можноста повикувачот да се сокрие надвор од видното поле на камерата.