Select Page

DVC Dual Light камери – паметен избор за боја и во темница

| Силни бои и јасна слика кога е потребно

Технологијата на DVC Extreme Dark камерите е подобрена со најновата иновација од DVC, технологија за Dual Light или двојна светлина.

Кај Extreme Dark серијата, без разлика што се обезбедуваше безбедност дури и при слабо осветлување и во ноќни услови со јасни слики полни со бои, фактот дека дополнително LED светло не можеше да се исклучи беше проблем за некој од нашите корисници.

Серијата Dual Light го реши тој проблем со AI аналитиката во паметен режим на работа. Без присуство на луѓе, камерите со двојна светлина го користат само вклученото IR светло. Нема луѓе, нема ни дополнителна светлина што го нарушува мирот во вашето опкружување или заштитено подрачје. Во моментот на детекција на луѓе, камерата го активира белото LED светло и за момент имате јасна слика пред вас во целосна боја, дури и кога воопшто нема извор на светлина, како што се ѕвезди или улично осветлување. Кога луѓето ќе го напуштат периметарот, камерата автоматски го исклучува белото LED светло и се враќа во ноќен режим со вклучено IR светло.

Доколку ви е потребно LED светло некое време или постојано, камерите од Dual Light серијата нудат и таква опција.

Пробајте ја DVC Dual Light технологијата и дознајте зошто нашиот бренд е еден од регионалните лидери на пазарот, а гаранцијата за квалитет е три години. DVC паметна технологија која вреди повеќе.

Сакате да станете DVC партнер?

Станете дел од регионалната заедница на инсталатери и дистрибутери на DVC решенија за видео надзор и видеофонија!
DVC производите се базираат на најсовремени технологии, сигурни компоненти и овозможуваат највисоки перформанси, погодни за примена во објекти од различна големина и намена.
Контактирајте нèКаде да купите?
DVC
Преглед на приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Податоците за колачињата се зачувуваат во вашиот пребарувач и извршуваат функции како препознавање при повторна посета на нашата веб-страница, како и помош на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.