Броење на посетители
Благодарение на напредната видеоаналитика, камерите од сериите DVC IP Special и Supreme овозможуваат броење на лица. Можно е броење на влезови, излези и пресметување на вкупниот број лица во просторот. Камерите со можност за броење на посетители најчесто се поставуваат на влезови во продавници, конгресни или спортски центри.
Овие паметни решенија овозможуваат прецизна анализа на ефикасноста на продажниот центар или продавницата, како и подобра организација на вработените и продажбата во целост.
Додека бројот на лица во продавницата е помал од максимално поставениот број – влезот е слободен. Кога бројот на лица ќе го достигне дефинираниот максимум, влезот не е слободен, и дури кога првата личност ќе излезе, односно кога бројот ќе падне под максимално дозволениот број на лица во продавницата, повторно се дозволува влез.
- Самостојно решение за броење на луѓе во продавница преку DVC камера
- Дефинирање на дозволениот број на лица директно на камерата преку локален компјутер
- Можност за заклучување/отклучување на врата преку релеен алармен излез на снимачот
- Можност за сигнализирање на состојбата на влезот