Компании со средна големина
Флексибилност
Безбедносниот систем може да вклучува сè — од инсталација на видео надзор, до комбинација на камери и други безбедносни уреди како алармен систем, контрола на пристап или евиденција на работно време на вработените. А што ако се променат потребите на корисникот? Сеопфатните решенија на DVC лесно се прилагодуваат на растечко работење и променливи барања.
Паметна видеоаналитика
DVC видеоаналитиката овозможува реакција на настан во реално време и снимање само на алармни настани, што штеди простор за складирање на податоци. Заштитата на периметарот и следењето на објекти во сцената се овозможени преку AI видеоаналитички функции. Во зависност од типот на камера, достапни се функции како, следење на објекти во сцена, детекција на премин преку линија, детекција на упад во простор, броење на лица, препознавање на лица и возила, детекција на лице, препознавање на регистарски таблички.
IP технологија
Широкиот спектар на IP камери овозможува избор на соодветна камера за заштита на конкретен простор. Од висока до ултра висока резолуција, жичани и безжични инсталации, bullet или dome куќишта, со фиксни или моторизирани леќи.
DVC IP камерите се класифицирани во пет различни категории – Special, Supreme, Smart, Start и Speed. Овие категории ги задоволуваат сите кориснички барања според критериуми на цена, квалитет и карактеристики.
Во Special класата се издвојува панорамската камера со Starlight технологија, која содржи четири камери чии снимки се спојуваат во една слика благодарение на специјален софтвер. Starlight сензорот овозможува ноќно снимање во боја со одличен квалитет на слика дури и при многу слабо осветлување.