Select Page

Големи деловни системи

Индустриските објекти и деловните системи бараат високо ниво на безбедност, а со тоа и висока доверливост на системот за видео надзор.

До 30.000 камери

Широкиот опсег и флексибилноста на DVC понудата за видео надзор овозможуваат примена во објекти од различна големина и намена — од станбени и мали канцелариски простории, до комплексни објекти со зголемен ризик, каде што циркулира голем број луѓе. Сложеноста на системот достигнува до 30.000 канали (камери).

Софтвери за интеграција

Кај објектите со зголемена ранливост постои потреба од комбинирање на сите видови техничка заштита. Со нивна меѓусебна централизација и интеграција се максимизира безбедноста на штитениот објект. Системот за видео надзор и тука значително придонесува за превенција и последователна идентификација, особено преку користење на серверскиот софтвер DVC NVMS 2.0. Станува збор за софтвер за управување со системот за видео надзор (CMS), специјално дизајниран за IP-базирани системи, преку кој администраторот може да управува и да надгледува во реално време до 30.000 камери.

Термални решенија

Одговорното постапување значи обезбедување заштита и спокојство за секој вработен, посетител или клиент. Тоа е можно со четирите иновативни DVC системи за бесконтактна детекција на покачена телесна температура.

Уредите се разликуваат пред сè според количината на податоци што можат да ги обработат во одреден временски период. Уредите со најбрза обработка и паметна видеоаналитика се идеални за места со многу висока фреквенција на движење, како што се големи трговски центри, аеродроми, железнички и автобуските станици, пристаништа и други транспортни точки.

DVC
Преглед на приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Податоците за колачињата се зачувуваат во вашиот пребарувач и извршуваат функции како препознавање при повторна посета на нашата веб-страница, како и помош на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.