Select Page

Интеграција на DVC видеофонскиот систем – клуч за успех

Кога внатрешната единица ќе стане “мозок” на видео надзорот

Камера од речиси секој производител, како и електромеханичка рампа, можат да станат дел од DVC видеофонскиот систем со што се добива ефикасен и паметен безбедносен систем кој преку внатрешните единици станува центар за управување со системот за видео надзор.

Со елегантните модели DVC IX471S и DVC IX470, со 7” IPS TFT екран на допир и резолуција од 1024x800px, можат истовремено да се следат сликата од надворешната единица на видеофонскиот систем и некои надворешни интегрирани камери со помош на функцијата “слика во слика”. На пример, може да се постави до самата рампа и на тој начин да се овозможи дополнително следење на влез/излез на луѓе и возила.

 

Покрај функцијата “слика во слика”, внатрешните IP единици имаат “quad view” можност која овозможува истовремено гледање до 4 различни видео извори (камери или надворешни видеофонски единици), што ги прави подобра и поефикасна безбедносна алатка која овозможува далечинско следење на клучни точки(врата, рампа) од различни агли.

Целосна интеграција со сите споменати карактеристики е можна и на двожичните внатрешни единици од Wi-Fi серијата, DVC DX471S и DVC DX470.

DVC видеофонитесе погодни за мали, средни и големи системи, од куќа или вила, до станбени згради со повеќе влезови или покомплексни системи.

За повеќе информации обратете се во Аларм аутоматика Скопје или дознајте повеќе на линкот: https://www.dvc.video/hr/blog/brojne-nove-mogucnosti-ip-monitora/

Сакате да станете DVC партнер?

Станете дел од регионалната заедница на инсталатери и дистрибутери на DVC решенија за видео надзор и видеофонија!
DVC производите се базираат на најсовремени технологии, сигурни компоненти и овозможуваат највисоки перформанси, погодни за примена во објекти од различна големина и намена.
Контактирајте нèКаде да купите?
DVC
Преглед на приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Податоците за колачињата се зачувуваат во вашиот пребарувач и извршуваат функции како препознавање при повторна посета на нашата веб-страница, како и помош на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.