Select Page

Видеофонија

DVC линијата на видеофони нуди широк асортиман производи за практична и едноставна двонасочна аудио и видео комуникација. Може да се избере меѓу IP или 2-жични модели, прилагодливи за различни апликации.

IP видеофонски системи

DVC IP видеофонскиот систем е стабилен, прилагодлив, економичен и лесен за инсталирање и користење.

  • Поврзување преку Wi-Fi
  • Преглед на IP камери
  • Интеграција со камери од речиси сите производители
  • Quad view и „слика во слика“
  • Пренасочување на повикот кон апликација

IP видеофонскиот систем е погоден за мали, средни и големи инсталации — од куќи и вили, до згради со повеќе влезови или комплексни системи.

2-жични видеофонски системи

Едноставноста на ожичувањето и флексибилноста го прават DVC 2-жичниот видеофонски систем квалитетен избор и за инсталатерите и за крајните корисници. Најголема предност за инсталатерот е можноста за користење на веќе постоечка, стара инсталација или лесно поставување нова, што значи помал трошок за корисникот.

  • Капацитет на системот до 256 станови
  • Едноставна конфигурација и автоматска детекција на елементите во системот
  • Поврзување преку Wi-Fi
  • Quad view и „слика во слика“
  • Пренасочување на повикот кон апликација

Модуларност на системот

Модуларноста на DVC видеофонските системи овозможува прилагодување кон специфични желби и финансиски можности на корисникот, како и лесно проширување при потреба.

Квалитет на слика

Повеќето DVC надворешни видеофонски единици се опремени со широкоаголна (FishEye) камера во боја која покрива агол на гледање од 170˚ (хоризонтално) и 130˚ (вертикално). Овие карактеристики им овозможуваат на корисниците значитечно поедноставна идентификација на лицата и подобро забележување на детали.

VDP Connect апликација

Апликацијата VDP ќе му овозможи на корисникот едноставно управување со DVC видеофонскиот систем. Со помош на апликацијата, корисникот може да одговори на повик од надворешната единица, да разговара со посетителите преку мобилен уред и да контролира отклучување.

DVC
Преглед на приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Податоците за колачињата се зачувуваат во вашиот пребарувач и извршуваат функции како препознавање при повторна посета на нашата веб-страница, како и помош на нашиот тим да разбере кои делови од страницата ви се најинтересни и најкорисни.