Препознавање лице
Камерите за препознавање лице од DVC се дел од специјалната IP серија и служат за откривање и идентификација на лица од база на податоци, во реално време. Најчесто се поставуваат на влезови во објекти за идентификација на вработени и посетители, со што се овозможува контрола на пристап до заштитениот простор. Овие камери се препорачуваат за употреба во продавници, трговски центри, ресторани или казина — секаде каде што е потребна идентификација преку лицето.
Технички карактеристики
IP камерите за препознавање лице можат да се користат самостојно, без снимач, со можност за складирање на база на податоци на локална SD картичка, Sony Starlight технологија, осветлување со бело светло на далечина, True WDR 120dB и моторизиран објектив од 7 до 22 мм.
NVMS 2.0
NVMS 2.0 е платформа за управување и надзор на DVC системите за видео надзор. Поддржува преглед во живо, складирање, репродукција и превземање снимки, прикажување на видео на голем екран, управување со тастатура, алармни влезови и излези, како и интелигентна видеоанализа. Затоа NVMS 2.0 ги задоволува барањата за централизирано управување со видео и може широко да се користи во индустриски комплекси, образовни установи, банки, синџири продавници и деловни згради.